Отуѓени уште три градежни парцели за викендички на Пониква

26 Јан 2019
92 пати

Вчера се одржа електронското јавно наддавање за отуѓување на трите градежни парцели за викенд куќи на

Пониква, понудени на продажба со 31-та објава за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија.
Градежните парцели чија површина е од 449 до 654 метри квадратни се отуѓени по цена од 181 до 430 денари за метар квадратен или вкупно за 574 389 денари.
Со ова заврши отуѓувањето на тринаесетте парцели од 31-та објава, од која се продадоа десет, меѓу кои една за станбена зграда во населбата Калиманова Глава. Изостана интересот за купување на двете парцели наменети за лесна индустрија и мало стопанство и за една за индивидуално домување.
Со продажбата на десетте парцели се инкасирани 16,9 милиони денари, од кои 80 проценти ќе влезат во Буџетот на Општина Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.