Пакетчиња за сите деца од Македонска Каменица и донации од рудникот САСА за новогодишните празници

29 Дек 2018
151 пати

Рудникот за олово и цинк САСА обезбеди финансиска поддршка и учествува во организација на сите активности

за обележување на новогодишните празници во општина Македонска Каменица.
Покрај доделените социјални пакети за 50 лица од ранливи категории, на заедничко дружење со менаџментот на САСА беа доделени и новогодишни подароци и пакетчиња на лицата со посебни потреби.
Дополнително, компанијата им додели новогодишни пакетчиња на сите деца во Македонска Каменица, од предучилишна возраст, па сѐ до четврта година средно образование.
„Среќни сме што и оваа година, САСА како компанија има можност да го даде својот придонес и да помогне сите кои се дел од оваа заедница да ја почувствуваат топлината на новогодишните празници. Ова е период на дарување, а со доделените социјални пакети, подароци и пакетчиња досега реализиравме само дел од планираните активности со кои, во рамки на нашите можности, ќе ја завршиме годината во празничен дух. Покрај тоа, чест ни е што годинешната новогодишна честитка на САСА е со дизајн на членовите кои се дел од огранокот на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ во Македонска Каменица. САСА одвојува значајно време и ресурси за реализација на проекти и активности во доменот на општествената одговорност, а тоа ќе продолжи и во годината која следи“, изјави Олег Телној, генерален директор на САСА.
Исто така, покрај традиционалната прослава за вработените во Рудник САСА, компанијата и оваа година организира предновогодишно дружење и забава за сите граѓани на Македонска Каменица. Дополнително, претставници на рудникот во текот на новогодишните празници ќе ги посетат дежурните медицински екипи во градот и ќе им поделат пригодни подароци.
Сите новогодишни активности САСА ги реализира во соработка со Општина Македонска Каменица.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.