Од Ротари клубот Кочани – Виница ЕКГ за Итната помош

05 Дек 2018
44 пати

Вработените на Итната медицинска помош во Виница веќе работат со нов ЕКГ апарат, донација од

Ротари клубот Виница-Кочани. За реализација на оваа донација, Ротари клубот организираше претстава, а средствата од влезниците се искористени за подобрување на здравствените услуги во виничката амбуланта.
Како што најави претседателот на клубот, Јордан Попов, во фаза на реализација се уште два значајни проекти во општината со нивна подршка, изградба на мал амфитеатар во кругот на ОУ “Славчо Стојменски“, како и пошумување и уредување на дел од запоставените зелени површини во општината.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.