Поставени фотоволтаични панели на училиштето во Трсино

10 Окт 2018
80 пати

Подрачното училиште во с.Трсино во кое учат 35 деца и градинката која е во склоп на училиштето, ќе штедат на

сметките за струја. Монтажата на 32 фотоволтаични панели на кровот од училишната зграда, треба на ноемвриските сметки за струја да покаже – 50 % заштеда. Покрај заштеди, училиштето, црквата и игралиштето се и комплетно осветлени во текот на ноќните часови
- “ Во село Трсино се заокружува првиот од трите проекти финансирани од Светска Банка преку Министерството за финансии, 75 % од средствата се обезбедени од Светска Банка, а другите 25% од општинскиот Буџет.
Со овие фотоволтаични панели се обезбедува енегија за училиштето и за градинката, како и осветлување на црквата и на селското игралиште, така да централниот дел од селото, со ова осветлување е комплетно безбеден во ноќните часови. Инвестицијата во овие фотоволтаични панели е во висина од 1. 538 000,00 денари“, рече градоначалникот Ивица Димитров.
Фотоволтаиците во село Трсино се првиот завршен од трите проекти кои се финансират преку Светска Банка и општина Виница, во тек е и изградбата на филтер станицата во селото, како и изградбата на локалниот пат во с.Грљани. Вкупната планирана инвестиција е околу 270 000 евра.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.