Повик од Општина Кочани за граѓански предлози од интерес на заедницата

06 Окт 2018
283 пати

Општина Кочани го започнува процесот на креирањето на буџетот за 2019 година.


Со цел да се земаат предвид потребите на граѓаните од јавен интерес од локално значење, градоначалникот Николчо Илијев упати повик до институциите, здруженијата на граѓани и поединци за доставување предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности.
– Сакам да нагласам дека при поднесувањето на предлозите за изградба, асфалтирање, реконструкција на улици или за други инфраструктурни зафати, препорачуваме предлозите да бидат доставени преку урбаните и месните заедници, што уште повеќе ќе го истакне поширокиот интерес на заедницата и ќе го зајакне дејствувањето на месната самоуправа – рече Илијев.
Граѓаните, граѓанските здруженија и институциите може да достават предлози од сите сфери на надлежност на локалната самоуправа: комунални дејности, урбанистичко планирање, заштита на животна средина, локален економски развој, образование, култура, социјална заштита, здравствена заштита, спорт и млади, поддршка на НВО секторот, меѓународна соработка.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.