Се креира визија за Осогово како идно заштитено подрачје Во Туристичкиот инфоцентар „Пониква“, преку Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), се одржа работилница на тема „Кр

14 Сеп 2018
327 пати

Во Туристичкиот инфоцентар „Пониква“, преку Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција

за развој и соработка (SDC), се одржа работилница на тема „Креирање визија за Осогово – идно заштитено подрачје“.
Целта на работилницата е локалното население и засегнатите страни да се информираат за активностите поврзани со процесот за прогласување на Осогово како идно заштитено подрачје и да се вклучат во креирањето заедничка визија за Осоговскиот регион.
– Програмата за зачувување на природата во Македонија не ги гледа чисто конзервациските аспекти за зачувување на природата, туку е со пристап за одржливо искористување на природните ресурси и промоција на ваквиот начин на искористување во развој и поддршка на локалниот социоекономски развој на заедниците. Овој пристап поткрепен со пристапот „од долу – нагоре“ е водилка во сите компоненти на оваа програма, што конкретно значи слушање на нашите чинители, тоа се пред сè, различните заедници од невладиниот сектор, бизнис-секторот и други чинители од државните институции чие вклучување од самиот старт е важно при креирањето на визијата за развој на овој регион – рече Марјана Шушлевска, тим-лидер на Програмата за зачувување на природата во Македонија.
Градоначалникот на Кочани и претседател на Советот на Источниот плански регион, Николчо Илијев ја истакна поддршка во изнаоѓањето соодветни мерки за заштита на природата во овој регион којшто изобилува со биолошка разновидност и природни вредности, но и обезбедувањето развој на одржлив начин со придобивки за локалните заедници.
Работилницата се организира од Македонското еколошко друштво и Центарот за развој на Источниот плански регион, а учествуваа претставници од месното население и граѓанскиот сектор.

Работилница со ваква цел ќе се одржи и во Крива Паланка.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.