Со поддршка од „Антура МК“ – подновено детското игралиште во Градскиот парк

16 Јул 2018
297 пати

Со целосната монтажа на реквизитите и уредувањето на подлогата, заврши реновирањето на детскиот парк во Паркот на Револуцијата во Кочани. Новите

играчки во паркот се донација од холандската компанија „Антура“, која како општествено одговорна компанија се погрижи да даде поддршка во подновувањето на детскиот парк.

– Со ова „Антура МК“ сака да ја истакне грижата кон најмалите жители на оваа општина, кои се иднината на секоја земја. Корпоративниот успех на компанијата носи обврски за вложување и подобрување на целокупното општество, а не само остварување на финансиски профит, рече Јохан Хејле, директор на „Антура МК“.

Хејле истакна дека политикатa на „Антура“ се темели на континуирано вклучување на компанијата како активен чинител на општествените случувања во градот.

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев јавно се заблагодари на компанијата за реализацијата на проектот во интерес на граѓаните.

– Сакам да упатам апел и до останатите компании од општината да дадат свој придонес во различни проекти со кои ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните – повика Илијев.

Старите реквизити од детскиот парк, се поставени во детско игралиште кај Атомските згради, коешто го уредува КЈП „Водовод“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.