Хуманост - На 14 јули поетско читање за Славица Димитрова

10 Јул 2018
929 пати

На 14 овој месец во Етно куќата во Кочани ќе се одржи поетско читање за Славица Димитрова под мотото

„Биди хуман, подај рака“. Организатор на настанот е Тоше Илиев, докажан млад хуманист од градот. Најавено е учество на поети, хумористи и афористичари од Кочани, Штип, Струмица. Читањето започнува во 17 часот. Влезницата чини 100 денари, што ќе се искористат за лекување на Димитрова, која има проблеми со видот.
Средства можат да се донираат и преку мобилен. Бројот за оваа намена на ВИП операторот е 143 – 468 и 070 143 112 на Македонски телеком.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.