Министерот Сугарески на прес : Електронска распределба на 43 стана за ранливите категории

06 Јул 2018
113 пати

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески одржа прес конференција на која ги објави

условите за распределба на станови за социјално ранливи категории на граѓани во Кочани и Македонски брод.
Електорнска распределба ќе се изврши на 43 станбени едници во Кочани и 10 станбени едници во Македонски брод.
Јавниот оглас е објавен денеска во печатените медиуми како и на веб страната на министерството за транспорт и врски http://mtc.gov.mk/oglas-za-raspredelba-na-socijalni-stanovi-vo-kochani-i-makedonski-brod-, истиот трае до 6 август 2018 година.
На огласот можат да се пријават седум категории на социјалано ранливи категории на граѓани и тоа:
- Деца без родители или родителска грижа –лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители.
- Корисници на социјална или постојана парична помош.
- Лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта.
- Инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејства со инвалидизирани лица.
- Лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени (согласно “Стратегијата за ромите на Република Македонија“)
- Самохрани родители со малолетни деца и
- Слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош
Во продолжение интегралниот тексt од обраќањето на министерoт за транспорт и врски Горан Сугарески:
“ Владата на Република Македонија е силно посветена за грижа за најранливите категории на граѓани.
Во таа насока денеска ќе Ви го презентираме огласот за доделување на 53 станови за социјално најранливите категории граѓани во Кочани и Македонски брод.
Конкретно, се работи за распределба на 43 станови во општната Кочани во станбена зграда на улицаЃорче Петров“ број на зграда 2, како и 10 станови во општината Македонски брод во станбена зграда на улица Партизанска број на зграда 1, изградени по програмата за изградба и оддржување на станови во сопственост на Република Македонија.
На огласот кој денеска го објавивме во дневните весници, право на учество имаат следниве седум категории на граѓани кои се станбено необезбедени и тоа:
1. Деца без родители или родителска грижа –лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители.
2. Корисници на социјална или постојана парична помош.
3. Лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта.
4. Инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејства со инвалидизирани лица.
5. Лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени (согласно “Стратегијата за ромите на Република Македонија“)
6. Самохрани родители со малолетни деца и
7. Слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош

Согасно објавените критериуми, на огласот може да се пријават само лица кои влегуваат во една од oвие седум категории притоатреба да ги исполнуваат следниве услови:
- Да бидат државјанин на Република Македонија;
- Да бидат со постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан и
- Лицето кое се пријавува да не поседува стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на Република Македонија.
Потребната документација лицата ќе можат да ја поднесуваат во Меѓуопштинските центри за социјална работа во општината за каде се однесува огласот, односно во Центарот за социјална работа во Кочани, односно Македонски брод.
За лицата кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Меѓуопштинските центри за социјални работи во Кочани и Македонски брод ќе ја обезбедат потребната помош за обезбедување на целокупната потребна документација согласно објавениот оглас.
Огласот трае 30 денови или до 6 август 2018 година, што значи дека до тој датум сите заинтересирани ќе можат да ја поднесат документацијата.
Сакам да напоменам дека подносителот на барањето за добивање на социјален стан може да поднесе документација и да аплицира само за една од седумте категории корисници на социјални станови.
Доколку лицето или некој од членовите на неговото заедничко домаќинство аплицира во повеќе од една од категориите на корисници, сите поднесени обрасци ќе бидат отфрлени.
Социјалните станови ќе се распределуваат во транспаретна постапка преку електронска распределба согласно Методологијата за бодирање на кандидати за добивање на социјален стан под закуп.
Исто така сакам да напоменам дека предност при добивањето на стан ќе имаат децата без родители или родителска грижа –лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители.
За секоја од овие седум категории кои претходно ги напоменав како и за условите и потребната документација, сите заинтересирани лица ќе можат да се обратат во Меѓуопштинските центри за социјална работа во Кочани и во Македонски брод како и во Министерството за транспорт и врски за подетални информации.
Исто така огласот веќе е објавен на веб страната на Министерството за транспорт и врски и тука може подетално да се видат критеритумите за распределба за секоја категорија пооделно,” изјави министерот Горан Сугарески.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.