Се одржа завршната работилница за подготовка на Стратегијата за развој на Кочани

20 Јун 2018
77 пати

На 19 јуни во конференциската сала во ресторанот „Амор“ се одржа, третата и завршна сесија од подготовката на Стратегијата за развој

на општина Кочани.
Присутните дискутираа по оформените стратешки цели во осум области и ги дефинираа визијата и мисијата за развој на Општината.
Во следната фаза ќе се обработуваат информациите, ќе се стават повторно на увид на јавноста, и по усвојување од Советот на Општината, Стратегијата за развој на Кочани ќе добие и печатено издание.
– Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани што масовно и активно учествуваа во подготовката на овој значаен документ кој ќе биде патоказ во нашето работење во наредниот период – рече на крајот на сесијата градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.
Стратегијата се изработува низ партиципативен и транспарентен процес со вклучување на сите клучни засегнати страни – јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и со посебен фокус на родовата интеграција во сите аспекти на процесот.
Целиот процес го водат надворешни експерти од UN Women, организацијата која преку регионалниот проект „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа“ ја финансира изработката на Стратегијата за развој на општина Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.