Сугарески во Виница – Со 230 000 евра ќе се проширува филтер станицата

14 Јун 2018
51 пати

Во рамките на првата работна посета на Виница, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески,

изврши увид во тековните инфраструктурни проекти кои се реализираат во општината.
Заедно со градоначалникот Ивица Димитров, ги резимираа тековните градежни активности, пред се на реконструкцијата на водоводната мрежа во градот, проект кој се реализира со средства од Министерството за транспорт и врски.
Во изјава за медиумите, министерот Сугарески, ја потенцираше важноста на реализација на овој проект, бидејќи со него се решава проблемот со загубите на вода во општината.
“Вкупната инвестиција на овој проект е околу 450 илјади евра и со него ќе го решиме комплетно проблемот со старите поцинковани цевки од кои имаше огромни загуби на вода. Истите ќе бидат заменети со нови со што Виница конечно ќе добие квалитетна вода. Исто така на општина Виница, од заемот од Европската инвестициска банка и остануваат уште 230 илјади евра и како што сум информиран ќе аплицираат со проект за проширување на филтер станицата во градот”. Како што најави и градоначалникот Димитров, проширувањето на филтер станицата е неопходно заради решавање на водоснабдувањето во село Лески.
Во делот на патната инфраструктура, Димитров, најави дека во текот на оваа година ќе се рехабилитира патот од Берово до Виница, како и патните правци Трстија – Бигла и Трсино – Трстија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.