За инфраструктурата во регионот на Кочанско ќе се вложат 70 милиони евра

12 Јун 2018
249 пати

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески оствари работна средба со градоначалникот на Општина Кочани,

Николчо Илијев, на која разговараа за тековните и планираните инфраструктурни проекти во Кочани и во регионот.
– Ние како централна власт даваме сериозна поддршка и очекувам сите инфраструктурни проекти успешно да се реализираат. Патот Кочани – Делчево, на чија реконструкција се работи, не е реконструиран од 60-тите години, а тој е посебно значаен за Коридорот 8 и за Кочанскиот регион. За овој регион во наредниот период е предвидено да се вложат 70 милиони евра и тоа за реконструкција и на дел од патот Кочани – Пониква, за изградбата на експресниот пат Штип – Кочани, како и за обиколницата кај Кочани – соопшти министерот Сугарески.
Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, реконструкцијата на патот Кочани – Делчево е моментно една од најголемите во државава.
– Се работи на делница долга 30 км, од која остануваат да се доработат уште 2,5 км, со 18 мостови и четири големи свлечишта, за што се наменети 6 милиони евра. Подобрувањето на овој патен правец за овој дел на Република Македонија е особено значаен затоа што ќе го подобри протокот на сообраќај – рече директорот Китанов.
Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев изрази задоволство што е веќе во завршна фаза тендерската постапка за експресниот пат од Крупиште кон Кочани, а ги најави и активностите за подготовка на проектната документација за изградба на брана на Арамиска Чешма и на доизградба на 1,7 км од патот на Браната Речани.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.