Се одржа втората работилница за подготовка на Стратегијата за развој на Кочани

05 Јун 2018
369 пати

Денеска се одржа втората од предвидените три работилници за подготовка на Стратегијата за развој на општина Кочани, на

која учесниците учествуваа во дефинирањето на визијата и мисијата и на определувањето на стратешките приоритети.
Активностите беа контиуитет на претходно изработената SWOT-анализа на состојбите во осум области, меѓу кои економијата, туризмот, образованието, културата, спортот, здравството, социјалата... Регистрираните силни и слаби страни, можности и закани беа доставени и на увид и доработка кај членовите на Советот, граѓански здруженија, социјални, спортски и културни работници.
Следната сесија ќе биде завршна, по која ќе се обработуваат информациите и ќе се изработи документ што ќе биде објавен и во печатена форма.
Стратегијата се изработува низ партиципативен и транспарентен процес со вклучување на сите клучни засегнати страни – јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и со посебен фокус на родовата интеграција во сите аспекти на процесот.
Целиот процес го водат надворешни експерти од UN Women, организацијата која преку регионалниот проект „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа“ ја финансира изработката на Стратегијата за развој на општина Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.