Нема пари - нема љубов

04 Јун 2018
697 пати

Веќе неколку дена, уште пред почетокот на викендот, а и утрово во текот на денешниот ден, два

банкомати на Тутунска банка во Кочани не се во функција. Дел од корисниците на оваа банка, редовни слушатели на Кочани ФМ Радио, побараа одговор во нашата редакција, а ние прашањето го проследивме до кочанската филијала. Оттаму велат дека многу ретко се случува два банкомати, паралелно да бидат надвор од функција и дека во секој момент очекуваат соодветна стручна екипа од Скопје да ги врати работите во нормала, бидејќи вака се создаваат гужви пред шалтерите за најобична финансиска операција – подигнување готовина.
Коминтентите на Тутунска се надеваат дека трчањето по банкомати по неколку пати во денот ќе го има и во иднина, но тоа ќе се случува што поретко.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.