25 години јубилеј на ТА „Вел Јан“ - Кочани

28 Апр 2018
650 пати

Синоќа во свечен амбиент, во ресторанот „Амор“ во Кочани, ТА „Вел Јан“ го прослави 25 роденден, или

четврт век од основањето на агенцијата. Гостите ги забавуваше познатиот бугарски евровизиски пејач, Иваило Колев, во придружба на неговите четири грации на виолончело и виолина.
„Со Јане се запознавме на Сончев брег, при еден мој настап, затоа многу му благодарам што не покани да бидеме дел од прославата на големиот јубилеј на ТА ’Вел Јан’. За прв пат сум во Македонија и сум многу среќен. Се надевам ќе бидам овде и кога ќе се свртат броевите, заедно да ја прославиме и 52 –годишнина на ’Вел јан’“ – рече меѓународната поп ѕвезда, Колев.
Еве што ексклузивно за КФМ Радио изјави сопственикот и директор на „Вел Јан“, Јане Велински.
„Агенцијата е основана од мојот татко Димитар Велински пред 25 години во 1993 година. За целиот овој период работиме како туристичка агенција и тур – оператор за нашите и странски туристи. Работиме како ин-каминг тур – оператор за пазарите на Србија, Косово, Полска и Романија. Со Сончев брег работиме 25 години. Имаме повеќе од 5 000 туристи во тој ресор. Таму го запознав Иваило и веќе знаевме кој ќе ги забавува гостите на нашата прослава.
За летото 2018 – та по повод јубилејот подготвивме разни попусти и подароци за нашите клиенти. За оваа летна сезона ја имаме најголемата хит – понуда во хотел ’Сан палас’, во која влегува бесплатен престој за три деца, што го нема на цел Балкан. Го имаме ексклузивитетот на овој хотел за македнскиот, српскиот и полскиот пазар.
Имаме уште многу понуди со многу ниски цени и бесплатен престој на деца за Сончев брег – Бугарија и Кушадаси – Турција. Новитет од оваа година е нашиот он-лајн пребарувач за сите хотели во Анталија на vel-jan.com“.
Патувајте летувајте и уживајте ова лето со ТА „Вел Јан“ од Кочани.

Оценете ја оваа вест
(2 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.