Општина Кочани отуѓува 12 градежни парцели – сопственост на Република Македонија

19 Апр 2018
274 пати

Општина Кочани ја распиша 30-тата објава за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, со која се ставени на продажба

12 градежни парцели, од кои шест со намена индивидуално домување, две за лесна индустрија, три за викенд куќи на Пониква и една градежна парцела со намена за изградба на стопански комплекси за откуп на примарна и финална обработка за земјоделски производи.
Од парцелите за индивидуално домување две се наоѓаат на улицата „Трета македонска бригада“, две на „Ѓорче Петров“, една на „Крум Вранински“ и една на улицата „Јордан Зафиров“, а се со површини од 260 до 423 м2.
Парцелите со намена за лесна индустрија и производство се наоѓаат во месноста Драчевик и се со површина од 1471 и 1150 м2.
Градежната парцела со намена за изградба на стопански комплекси за откуп на примарна и финална обработка за земјоделски производи се наоѓа во месноста Ќерамидница и е со површина од 9847 м2.
Трите градежни парцели за викенд куќи на Пониква се со површина од 449 до 654 м2.
Рокот за пријавување за градежните парцели за индивидуално домување е до 8 мај 2018 г., а јавното наддавање ќе се одржи на 10 мај. За останатите парцели рокот за пријавување е до 28 мај, а јавното наддавање е на 30 мај.
Почетната цена за сите градежни парцели е 61 денар за метар квадратен.
Целосната објава за продажба на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, е поставена на огласната табла во дворот на општинската зграда и е објавена на веб-страницата на Општина Кочани, www.kocani.gov.mk.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.