Продолжува владината поддршка за изградба на браната „Речани“

06 Апр 2018
137 пати

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, при денешната посета на Кочанско, најави

продолжување на изградбата на браната Речани.
– Поддршката на Владата за изградбата на браната Речани ќе продолжи и ние во овие десет месеци ги спроведуваме постапките што не биле направиле пред да се склучи договорот за изведба, договор на кој се прави детална правна анализа затоа што е склучен во изборен период и за што во наредниот поериод ќе информираме околу следните чекори. Клучно е тоа дека Министерството за земјоделство, заедно со Министерството за транспорт и врски ги направи сите подготвителни работи за добивање на градежната дозвола, со оглед на тоа што се работи за еден крупен инвестициски проект. Инвеститор на овој проект останува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во следниот месец очекувам дека оваа долга постапка за обезбедување на градежна дозвола ќе финишира, односно Министерството ќе ја добие градежната дозвола за изградба на овој крупен инфраструктурен проект, којшто е од битно значење за регионот и дека ќе започнат и другите постапки во делот на изградбата – соопшти Николовски.
Министерот за земјоделство ги истакна регионалното значење на браната „Речани“ и постојаната комуникација на оваа тема со градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев. Притоа додаде дека во наредните две недели се очекува завршување на реконструкцијата и надградбата на браната „Пишица“ во Пробиштип, којашто е значајна за оризовите полиња.
Подготвителните активности за изграба на браната „Речани“ почнаа со истражувања на теренот од 2009 година. Досега е асфалтиран пат во должина од 4 км до круната на браната, а започнаа и работите на патот од круната на браната до ножицата односно до темелот на браната.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.