Унгарскиот Амбасадор во работна посета на Виница

30 Мар 2018
174 пати

Унгарија и понуди подршка и соработка на Виница во развојот на спа туризмот, во искористување на

геотермалните води, но не е исклучена можноста да помогне и во области кои се чекор напред во технологијата. Ова беше истакнато на вчерашната официјална средба на унгарскиот Амбасадор, Ласло Иштван Дукс со градоначалникот Ивица Димитров. На средбата се разговараше за досегашната соработка во областа на културата, размената на фолклорни искуства во рамките на Фестивалот “Истибањско Здравоживо“, како и за проектите во подршката на Ромите од страна на едукативниот Фонд во Будимпешта.
Градоначалникот Димитров упати и директна покана за збратимување со општина во Унгарија која може да биде и партнер во меѓународни проекти. “ Ние како општина сме отворени за соработка и за собирање нови искуства кои ќе го поттикнат локалниот економски развој. Ние имаме интерес да го развиваме спа туризмот и да го искористиме потенцијалот на геотермалните води, Унгарија веќе има богато искуство кое може да го понуди, меѓутоа мора да најдеме и партнер општина во Унгарија со која ќе имаме директна соработка“, рече градоначалникот Димитров . Одлична соработка во иднина најави и амбасадорот Дукс кој денес имаше средба и со менаџерскиот тим на компанијата Макпрогрес. Унгарија е една од многуте земји која увезува производи од сите брендови на Макпрогрес, а унгарскиот Амбасадор денес имаше можност да се информира и за производството на новиот бренд “Фантазија“. Во агендата на вчерашната посета беше и ОУ “Гоце Делчев“ каде се разговараше за тековните проекти во училиштето, а се нагласи потребата и од партнер училиште во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.