Швајцарската амбасадорка Сибиле Сутер Тејада во посета на градилиштето на Пречистителната станица за води во Кочани

23 Мар 2018
230 пати

Швајцарската амбасадорка Сибиле Сутер Тејада денеска го посети градилиштето на Пречистителната

станица за отпадни води во кочанското село Мојанци.
На средбата со тимот швајцарски и локални експерти и претставници на градежните компании што учествуваат во реализацијата на проектот, пред амбасадорката беа претставени досегашните градежни и тековните активности, како и придобивките од проектот.
Според Никола Вангелов, претставник на консултантската куќа „Ернст Бастлер и партнер“, се очекува во иднина овој објект да добие регионален карактер со можноста за прибирање и прочистување на отпадните води и од Виница.
Пречистителната станица се гради во Мојанци, на најниската гравитациска точка на вливот на Масалница во Брегалница и ќе ги прочистува водите од сегашните девет испусти од Оризари до Подлог кои ќе бидат собрани во главен колектор. Ќе биде опремена со најсовремена технологија, со мала површина и минимални трошоци за експлоатација и одржување. Со Пречистителната станица ќе бидат третирани отпадните води од градот Кочани и од околните рамничарски села, со капацитет од 58 илјади еквивалент жители.
Проектот е со вкупна вредност од 23 милиони швајцарски франци, од кои наjголемиот дел е на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.