Рудник САСА со нов рекорд во безбедноста и инвестиција од милион евра во нова технологија

14 Мар 2018
654 пати

Рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица постигна нов рекорд - 500 дена без

повреден рудар. Генералниот директор на „Саса“, Нил Стивенсон истакна дека ова е големо постигнување за безбедоста на рударите, а за нив како менаџмент најважно е што секој рудар по завршената смена во јамата може да си оди дома безбедно кај своето семејство.
- Во последните 18 месеци рудникот вложуваше многу во безбедноста и затоа го направивме побезбеден од порано. Во минатото имаше луѓе кои се повредуваа во „Саса“ и кои што загинаа. Но, бидејќи се фокусиравме пред се на безбедноста ги обучивме нашите луѓе и денеска не се соочуваме со такви проблеми - изјави Стивенсон.
Тој пред новинарите во „Саса“ ја промовираше и новата инвестиција од еден милион евра. Во работната единица Флотација се монтира новиот млин, со што ќе се зголеми производството, но и безбедноста на вработените кои работат во оваа работна единица. Ственсон нагласи дека новиот млин е најнова светска технологија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.