Купиле пилиња од 79 денари, а ги платиле 125

24 Фев 2018
1126 пати

Потрошувачи кои биле доведени во заблуда се обратија до информативната редакција на КФМ радио, да

ни раскажат како во „КАМ“ маркетот во Кочани, на местото каде што била истакната цена од 79 денари, случајно или не, биле поставени пилиња од друг поскап бренд, бидејќи евтини пилиња веќе немало. Потрошувачите купувале по пет и повеќе пилиња, сметајќи на поевтината цена, па дури кога дома ја виделе фискалната сметка на која стоело 125 ден. по парче, дознале дека биле доведени во заблуда. Слично се случило и со одредени креми за раце, за кои на рафтот стоела намалената цена, а на касата кремите се продавале по реалната.
Радио Кочани ФМ апелира до сите потрошувачи кои ќе се соочат со заблуда или измама да се јават во нашата редакција, за навреме да ја информираме јавноста.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.