ОПШТИНА ВИНИЦА ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА СТАРТУВА СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА 3700 МЕТРИ ОД СТАРАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО ГРАДОТ

05 Фев 2018
271 пати

Од 42,5 км водоводна мрежа во Виница, преку 60 % е веќе реконструирана, а за неколку дена продлжува нова

фаза од реконструкцијата со која ќе бидат опфатенни 10-на улици во градот.
“Во 2018 стартуваме со еден од покрупните проекти, со реконструкција на водоводната мрежа во градот Виница. Предвидената должина за замена на азбестните цевки е 3960 метри, а е финансиран од Европската инвестициона Банка, Министерството за транспорт и врски и општина Виница.. Овој проект ќе почне да се одвива уште овој месец, се очекува изборот на надзорот. Како најдобар изведувач е избрана фирмата “Коп-инженеринг“, а вредноста на проектот е 6,5 милиони денари“, изјава Ивица Димитров, градоначалник на Виница
Старите азбестни цевки ќе бидат заменети на улиците: Славчо Стојменски, Браќа Миладинови, Раде Кончар, дел од Булеварот Маршал Тито, делови од улиците Страшо Пинџур, Стив Наумов, Илинденска, Димитар Осоговски, Димитар Влахов, Јнае Сандански и 4-та Македонска Бригада.
Инаку, во селата досега комплетна реконструкција е направена на водоводната мрежа во с.Трсино, а делумно во Истибања и пред неколку години поголема линија беше опфатена во Блатец. Со првата етапа од овој проект пред речиси пет години беа променети водоводни цевки со должина од 4.367 метри долж неколку улици во Виница.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.