Ќе се асфалтираат и „Карпошово востание“ и „Асном“

31 Јан 2018
331 пати

Потпишан е анекс на Договорот за подзаем од Светска банка за реализација на потпроектот

„Изградба на две улици во општина Кочани“. Потписите на документот ги ставија кочанскиот градоначалник Николчо Илијев и претставник на „Изгрев инжинеринг“ ДООЕЛ од Велес, кој е избран за изведувач на работите на тендерот што се спроведе според процедурата на Светска банка.
Настанот се случи утринава во салата за состаноци на Општина Кочани. Изјави немаше, новинарите треба да добијат соопштение.
Со овој потпроект ќе се асфалтираат улиците „Карпошово востание“ во Кочани и „АСНОМ“ во Оризари, а тој е во врска со остварување на заштедата при реализација на потпроект „Изградба на 10 улици во општина Кочани“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.