Пријавa за учество во бесплатната обука за напредни ИТ вештини која невработени лица потребно е да ја пополнат.

29 Јан 2018
360 пати

Во врска со реализација на мерката 3.4 Обука за напредни ИТ – вештини, од ревидираниот Оперативен

план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година, Ве известуваме дека денес (23.01.2018 година) се објави Jавен оглас до заинтересираните евидентирани невработени лица и ќе биде отворен се до целосно пополнување на предвидениот број на кандидати согласно оваа мерка.
Во прилог на овој меил Ви ги доставуваме Јавниот оглас и Пријавите за учество во бесплатната обука за напредни ИТ вештини која заинтересираните невработени лица потребно е да ја пополнат.
ВАЖНО: Лицата кои биле вклучени во оваа мерка во претходните години, не може да бидат вклучени во обуката.
Затоа потребно е да обрнете поголемо внимание при внес на пријави од заинтересирани кандидати бидејќи тоа е единствен услов на кој треба да се внимава.

Воедно Ве известувам дека сеуште е во тек Јавниот оглас заСертификација за активно познавање на компјутерски програми кој на невработените лица им овозможува да се стекнат со глобално признаен сертификат за дигитална писменост, за Microsoft Office Specialist Word 2010 илиMicrosoft Office Specialist Excel 2010.
Како што веќе знаете од Ваша страна потребна е засилена промоција на поволностите што ги нудат овие мерки како и мотивација на невработените лица да се вклучат во истите.
Потребно е да направиме максимални напори (гостувањa во локални медиуми, соопштенија до невработените, користење на Огласните табли и сл.) со цел да се зголеми интересот за мерките.
Дополнително, колегите од ЦВ кои работат на пополнување на ИПВ со невработените лица, како и колегите кои спроведуваат мотивациски обуки, задолжително да ги промовираат и нудат споменатите мерки на невработените лица.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.