Измена на ДУП за Градска четврт 9 – во Драчевик се планираат парцели за детска градинка и за училиште

12 Јан 2018
461 пати

Во тек е постапката за измена на Деталниот урбанистички план за Градската четврт 9 во Кочани. Се работи за

просторот во населбата Драчевик, што се наоѓа меѓу улиците „Февруарски поход“, „Ѓорче Петров“, „1 Мај“, „Роза Петрова“, „552“ и Десниот магистрален канал, а зафаќа површина од околу 16,5 хектари.
- Генерално, намената е домување во индивидуални куќи, а се предвидува и локација за детска градинка и основно училиште, како и зелени, парковски и површини за спорт и рекреација, рече Марија Салтирова Јовановска, советник во Одделението за урбанизам во Општина Кочани.
Во предложениот ДУП се вцртани околу 250 парцели кои се дел од проектот „Купи куќа за млади“, кој е финансиран од Министерството за транспорт и врски.
До 15 јануари планот е на јавен увид. Истакнат е на огласната табла на влезот на општинската зграда и е објавен на веб-страницата на Општина Кочани. Со пополнување на анкетни листови, граѓаните можат да достават предлози и забелешки.
Анкетните листови можат да се земат од Едношалтерската канцеларија или од веб-страницата на Општината или пак во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови треба да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата на која се однесува предлогот или забелешката.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.