Јавна презентација и анкета за Градска четврт 9

10 Јан 2018
240 пати

Општина Кочани организира повторна јавна презентација и јавна анкета по Предлог-деталниот урбанистички

план за Градска четврт 9, за проектот „Купи куќа за млади“, КО Кочани, изработен од Агенцијата за планирање на просторот, со површина на планскиот опфат од 16,48 ха.
Местоположбата на планскиот опфат е во западниот дел на градот.
Границата на планскиот опфат е дефинирана по осовината на улиците: од север – „Февруарски поход“, „Ѓорче Петров“, „1 Мај“; од исток – „Роза Петрова“; од југ – осовината на регулираното корито на Десниот магистрален канал; од запад – ул. „552“.
Јавната презентација ќе се одржи на 10 јануари 2018 година, во 12 ч. во салата на Советот на Општина Кочани.
Во периодот од 9 до 15 јануари ќе се спроведе јавна анкета по Предлог-деталниот урбанистички план за Градска четврт 9, за проектот „Купи куќа за млади“.
Во овој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови коишто можат да се земат од Едношалтерската канцеларија во општинската зграда.
Графичкиот прилог на овој урбанистички план може да се види на огласната табла пред зградата на Општината и на веб-страницата на Општина Кочани www.kocani.gov.mk.
Детални информации можат да се добијат во Одделението за урбанизам и заштита на животна средина, на првиот кат во општинската зграда.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.