Во 2018 година - Македонија ќе добие два нови автопати

09 Јан 2018
246 пати

Ќе мине ли 2018 година без постојаните доцнења во проектите за изведба на патната инфраструктура

во земјава? Ова прашање се поставува пред македонската влада по долгогодишните доцнења во реализацијата на најзначајните автопати и магистрални патишта во земјава. Ако се суди според постојните ветувања, Македонија во наредните 12 месеци ќе ги добие двата нови автопати Демир Капија – Смоквица и Миладиновци – Штип, чија вкупна должина изнесува 75,2 километри. Со нивното завршување, во целост ќе се изгради патниот Коридор 10 низ нашата земја, но и ќе се поврзе источниот дел на Македонија со главниот град.

Најдоцна до 30 септември ќе треба да се заврши и изградбата на автопатската делница Миладиновци – Штип, со должина од 47 километри. Кај оваа автопатска делница не се предвидени проблеми во натамошниот тек на нејзината реализација, поаѓајќи од податокот дека најголем дел од градежните работи на терен се веќе завршени. Во 2018 година ќе се гради и новиот експресен пат Штип – Кочани (долг 28 километри)

Следејќи ги ваквите планови на владата, треба да се посочи дека во 2018 година се поставени големи инфраструктурни предизвици. Најзначајниот меѓу нив е да се прекине со досегашната пракса за одложување на почетокот на градежните работи, но и на крајниот рок за завршување на предвидените делници за градење

Секаква нова грешка кај овие проекти би чинела стотици милиони евра неразумно потрошени од државниот буџет.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.