Полнач на електромобили и електричен скутер – за потребите на Општина Кочани

04 Јан 2018
234 пати

Со Договор за јавна набавка, склучен на 5 октомври 2017 година, Општината набави станица за

полнење на електромобили и електричен скутер.
Барањето за оваа набавка е поднесено на 15 мај 2017 г., а јавната набавка е составена од два дела.
Договорот за станицата е склучен со „Фибернет м-к“, а за скутерот со „КМГ ЕОЛ Квазар“, со учество на тројца односно двајца понудувачи, според најниска цена постигната со електронска аукција.
Станицата за полнење на електромобили чини 246.738 денари, а електроскутерот 301.490 денари, или вкупно 548.228 денари. Средствата за реализација се од Буџетот на Општината.
Набавката на станицата и на електромобилот е „заради подобрување на квалитетот на граѓаните на локално ниво, со намалување на штетните гасови, намалување на урбаната бучава, заштитеноста на почвата и водата, помали трошоци за одржување и пониска цена на погонското гориво, како и актуелниот развој на автомобилската индустрија.“
Од технички аспект, станицата за полнење електромобили е уред со веб-апликација, со RFID-картички со коишто располага Општината со кои се овозможува пристап за полнење. Станицата има два излеза што значи едновремено може да се полнат два електромобила.
Електричниот скутер, пак, се полни преку адаптери на обичен штекер и со едно полнење кое трае од 7 до 8 часа може да помине околу 80 км.
Општина Кочани е една од ретките во државава која набави станица за полнење на електромобили и електричен скутер.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.