Илијев за Нова година : „Поскувам подобра иднина за Кочани“

31 Дек 2017
1453 пати

Почитувани граѓани: „Новата година е момент на оптимизам, на нова енергија и на нова сила. Во пресрет на новите 365 дена, посакувам со работа, дијалог и толеранција, да му

обезбедиме подобра иднина на Кочани. Новата година нека ни биде поттик да се трудиме да создадеме развиена, отворена, мултикултурна општина. Со трпение и човечност да се обединиме околу заедничкиот интерес – интересот на граѓаните“, се вели во новогодишната честика на кочанскиот градоначалник, Николчо Илијев .

„Убавите работи што ни се случиле да бидат основа на која ќе се надградуваат други добри нешта, а од непријатните да учиме да не се повторат.

Ви посакувам празничните денови да ви бидат исполнети со добри мисли, душевен мир и семејно спокојство.

Во мое лично име и во името на општинската администрација, Ви ја честитам Новата 2018 година и Ви посакувам изобилство од здравје, успех и среќа во неа. Среќни празници!“, стои во честитката на Илијев.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.