Градоначалникот Николчо Илијев во дводневна посета на шведските општини Борос и Кунгелв

13 Дек 2017
379 пати

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, во перидоот од 12 до 14 декември е во официјална

посета на општините Борос и Кунгелв, во Кралството Шведска.
Во рамките на посетата на Општина Борос, градоначалникот Илијев оствари средба со градоначалникот на Општина Борос, Улф Олсон на која беше разговарано за отпочнување соработка помеѓу општините Кочани и Борос, размена на искуства и договарање форми на идна соработка во различни општествени сфери од интерес на двете општини.
Помеѓу останатото Илијев ги презентираше потенцијалите за инвестиции во општина Кочани и придобивките од нив. Градоначалникот Илијев исто така оствари средба и со претставници на Македонското друштво на иселеници „Кочо Рацин“, со седиште во Борос, кое брои над 110 членови.
Општина Борос има 110 000 жители и се наоѓа во западна Шведска, а заедничка нишка за Кочани и Борос е што и двете општини се познати по развиената текстилна индустрија.
Посетата на градоначалникот Илијев продолжува денеска со состаноци со градоначалникот на Општина Кунгелв, посети на јавни претпријатија и установи како и средби со претставници на Македонскиот сојуз во Шведска, со седиште во Гетеборг.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.