Пречистителна станица за отпадни води – Распишан тендер за избор на изведувач на главниот колекторски систем

11 Дек 2017
482 пати

Министерството за животна средина и просторно планирање објави тендер за пронаоѓање на

изведувач на главниот колекторски систем и секундарните колектори во Општина Кочани. Станува збор за вториот сегмент од делницата на главниот колектор од премин преку Кочанска река до новата пречистителна станица за отпадни водиво селото Мојанци, како и првата фаза од изведбата на секундарни колектори и нивното поврзување на главниот колектор. Инфраструктурниот зафат е проценето дека ќе чини околу 61 милион денари, со вклучен ДДВ.
Заинтересираните компании имаат рок до 4 јануари следната година за да ги достават своите понуди за учество во тендерската постапка. Најповолниот понудувач ќе има рок од 12 месеци за да ги изведе неопходните градежни работи. Овој градежен зафат се одвива паралелно со изградбата на пречистителната станица за отпадни води, за која се обезбедија финансиски средства од Швајцарската Конфедерација.
Колекторскиот систем ќе го опфати градот Кочани и неколку помали населени места. Главниот собирен колекторски систем ќе има вкупна должина од 9.500 метри и се состои од две делници. Оваа инфраструктурна линија ќе биде поврзана со новата пречистителна станица за отпадни води кај селото Мојанци.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.