Димитровски: „До 2021-та браната ‘Речани’ ќе биде изградена!“

08 Окт 2017
191 пати

Денес како кандидат за Градоначалник на Општина Кочани, Ви се обраќам од една прекрасна локација од руралниот дел од Кочани, овде од Речани од каде

пред повеќе од 40 години имаше само ветувања за брана од страна на тогашната власт, денес сум тука да Ви го претставам најкапиталниот проект за Општина Кочани кој е отпочнат во мојот изминат мандат, а негова комплетна реализација е планирана за периодот што следува.
Драги кочанчани во мојот мандат со голема посветеност и максимална ангажираност го отпочнавме проектот „Брана на Оризарска река“. Благодарение на средства од Владата која беше предводена од ВМРО ДПМНЕ и наши општински средства ја отпочнавме реализацијата на долго посакуваниот децениски проект за изградба на Браната Речани.
Најпрвин од страна на општина Кочани, се подготви целокупната документација и сите потребни гео-технички и гео-механички истражувања. Бевме упорни и работевме напорно, што за старт најпрвин се отпочна со пробивање и асфалтирање на пристапен пат во должина од 6 км, за кој требаше да се изградат и потпорни ѕидови со должина од скоро 1 км, се со цел да се стигне безбедно до испланираната круна на браната која ќе е со капацитет од 22 милиони кубни метри. Моментално е избран и изведувач, кој го чекаме да ја отпочне изградбата на круната за самата брана.
Кочанчани, Кочани отпочна со развој и продолжува. Со формирање на акумулацијата Речани ќе се изврши управување со водниот капацитет на Оризарска река која е дива река и е богата со вода, со што ќе се обезбеди квалитетно водоснабдување за населението и индустријата на 4 општини што гравитираат во овој регион, односно Општина Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци, а исто така ќе се обезбеди вода за наводнување на земјоделските површини што би придонело до интензивен земјоделски развој во регионот.
Со завршување на изградбата на Браната Речани ќе заживее и овој дел од нашиот прекрасен регион, што би придонел за развој спортот, рекреацијата и на планинскиот туризам во Кочани.
Ние продолжуваме, не се откажуваме од реализацијата на проектот, сакаме да ја видиме браната изградена. Браната Речани, чија вкупна вредност е околу 36 милиони евра, треба да биде издигната до 2021 година. Со моменталната ненародна Влада проектот е запрен, активностите на терен не се видливи, а на Кочанчани овој проект е од големо значење. Ние по толкав труд, продолжуваме со активности, нека им е јасно дека ќе мораат и тие.
Драги сограѓани, аргументите се пред Вас, резултатите од мојот 8 годишен мандат се видливи и остануваат трајни. Ова се доказите за какво Кочани се залагавме и како треба да се сака Кочани, ова е јасната визија и конкретните мерки за секој жител во Општина Кочани.
ВМРО ДПМНЕ продолжува неуморно, со уште поголема енергија и поголема желба за поубаво Кочани. излезете масовно на 15 октомври, ја очекуваме Вашата поддршка за реден број 13, за Совет и Градоначалник на Општина Кочани.
Секогаш – работа, Секогаш – Македонија, Секогаш – Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.