Водостопанство „Брегалница“ Кочани - „Не се почитува планот за наводнување“

08 Јул 2017
2351 пати

АД „Водостопанство“ на Република Македонија, Подружница „Брегалница“ Кочани Ве известува

дека има сериозни проблеми со дистрибуцијата на вода за наводнување на територијата на ХМС „Брегалница“, особено за Овчеполскиот регион.
Иако за наводнување на околу 3.300,00 ха земјоделски површини по Десниот Магистрален канал потребно е да се дистрибуираат од 3,5 до 4,0 м 3 /секунда вода за наводнување, Подружница Брегалница дистрибуира од 5,5 до 6,5 м 3 /секунда вода за наводнување за водокорисниците од Овчеполскиот регион.
И покрај двојно зголемените количини на вода испорачани по Десниот магистрален канал, согласно Планот за испорака на вода за наводнување со денови и датуми по населени места и главни зафати, за кој се информирани сите водокорисници од тој регион, водокорисниците од селата Ерџелија па сè до Каратманово немаат континуирано вода за наводнување.
Планот за испорака на вода за наводнување не се почитува од одделни водокорисници и тоа најмногу од водокорисниците од селата Врсаково и Мустафино. Некои водокорисници самоволно пуштаат вода за наводнување од наши објекти, а притоа дури и физички ги напаѓаат нашите вработени и им се закануваат.
Сето ова од наша страна се пријавува во полиција. Ситуацијата е алармантна бидејќи неколку села воопшто немаат добиено вода за наводнување. Најголемите проблеми се од водокорисниците од селата Мустафино и Врсаково кои воопшто немаат свест за потребите на останатите водокорисници. Од наша страна е евидентирано дека во село Мустафино се наводнуваат дури и стрништа само со единствена цел за полесно орање, поради што водокорисниците почнувајќи од село Ерџелија па се до село Каратманово немаат вода за наводнување на земјоделските површини.
Со цел да се фатат сторителите, екипа од вработени од Подружница Брегалница, заедно со директорот, во вечерните и ноќните часови, вршат постојани обиколки на теренот.
ДИРЕКТОР
м-р Николчо Гоцев дипл. град.инж.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.