Презентација на втората фаза од Програмата за зачувување на природата по сливот на Брегалница

09 Јун 2017
159 пати

Програмата за зачувување на природата во Македонија, што како проект на Швајцарската агенција за развој и соработка во координација со Фармахем

од Скопје започна да се реализира во 2012 година, продолжува со втората фаза. Главната цел и понатаму останува да ѝ се помогне на Република Македонија во зачувување на уникатната биолошка разновидност и на природните екосистеми, преку одржливо управување и користење на природните ресурси, со фокус на Брегалничкиот Регион. Сработеното во првата фаза и планираните активности од втората фаза беа презентирани во Кочани пред заинтересираните страни. На презентацијата на втората фаза од проектот во Кочани беше речено дека еден од главните очекувани резултати е подобрување на статусот на природните вредности со прогласување на т.н. заштитени подрачја.

Продолжувањето на активностите од Програмата за заштита на сливот на Брегалница се реализира во соработка со Центарот за развој на Источниот плански регион, а финансиската поддршка во висина од 3,8 милиони швајцарски франци и во следните четири години е од Владата на Швајцарија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.