Информација за одржување на Јавна расправа по Студија за оцена на влијаниe врз животната средина за проектот: “Воспоствување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“

06 Јун 2017
105 пати

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека

во рамките на ИПА проектот: “Изработка на проектни студии (Студија за изводливост, Оцена на влијание врз животната средина, Анализа на трошоци и добивки) и проектна документација за воспоствување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“ реф. бр. EuropeAid/136070/IH/SER/MK, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина “Воспоствување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“ и истата е достапна за увид .
Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Воспоствување на систем за интегрирано управување со отпад во Источен и Североисточен регион“ ке се одржат на
- 6 јуни 2017 година (вторник), во Голема Сала на Општина Свети Николе во Свети Николе со почеток во 11.00 часот.
- 9 јуни 2017 година (петок), во Сала на совет на општина Кочени во Кочани со почеток во 11.30 часот.
- 12 јуни 2017 година (понеделник), во салата “Бизнис Инкубатор“ во Берово со почеток во 12.00 часот.
- 15 јуни 2017 година (четврток), во сала на совет на општина Куманово, поранешен комитет 1 спрат во Куманово со почеток во 11.00 часот.


Контакт лица:
Министерство за животна средина и просторнио планирање – Скопје, Зграда на Македонска Радио Телевизија, 11 кат
Билјана Петкоска – Сектор за животна средина
е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Иванова Јадранка – Сектор за ЕУ
е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Ѓорѓи Велески – Сектор за ЕУ
е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.