Виница - Три градежни парцели на електронско јавно наддавање

12 Мај 2017
417 пати

Во тек е јавна објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште во сопственост на РМ по

пат на електронско јавно наддавање. Станува збор за 2 парцели за индивидуално домување и една парцела за колективно домување . Индивидуалните парцели кои се лоцирани на ул. Видое Смилески Бато се со површина од 335м2 и 321 м2, а почетната цена е 61 денар по метар квадратен. Вкупната почетна цена на јавното наддавање е околу 20 000 денари, а банкарската гаранција за сериозноста на понудата со која понудувачот ќе гарантира дека доколку се стекне со статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигнатата цена од електронското јавно наддавње во рок нод 15 дена од приемот на писменото извесување за избор , се движи до 60 000 денари. Градежната парцела која е наменета за изградба на зграда за колективно домување е со површина од 3859 м2 и е на улицата “Никола Карев“, а почетната цена за јавно наддавање е 800 денари по м2 или вкупно 3.087.200,00 денари, а банкарската гаранција за подносителот е 9.261.600,00 денари. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 12 јуни во електронска форма , а јавното наддавање е закажано за 14 јуни. Сите услови за учество на јавното наддавање се објавени на веб страната на општина Виница , како и во дневните весници Вечер и Нова Македонија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.