Техномаркет и во Кочани

13 Апр 2017
2654 пати

Еден од најголемите дисрибутери на производите од повеке светски брендови - Техномаркет Македонија, денеска во Кочани, додаде уште еден нов Маркет, на големиот

дистрибутивен ланец. Голем број граѓани од Кочани и останатите населени места од Источниот регион, со нетрпение го дочекаа денешното големо отворање на Техномаркет каде по промотивни цени можеа да се купат телевизори, фрижидери, перални, електрични шпорети, правосмукалки, лаптопи телефони и сите останати апарати за домакинството. На бројните купувачи им беше овозможено да го одберат начинот на купување. Вообичаено во кеш или на кредит со кредитни картички. Во периодот што претстои, како што истакна за Радио Кочани, Владимир Стојков - одговорен за Маркетинг и дизајн во Техномаркет, ќе се продолжи со подобрување на квалитетот на живеење на потрошувачите, со најнови апарати за домакинство по пристапни цени, бидејќи животот е многу повеќе од обврски и недостиг на време.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.