Виница ќе добие детска градинка на 21 век

12 Апр 2017
454 пати

Реконструкција на кровот и хортикултурно уредување на стариот објект на детската градинка

“Гоце Делчев“ е проектот кој произлезе од петте форумски сесии кои се оддржаа во Општина Виница. Амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Зутер Техада, ја посети Виница и присуствуваше на последната форумска сесија.
„Форумот на заедници е алатка со која граѓаните ги одредуваат приоритетите кои треба да ги решават во соработка со Локалната самоуправа. За неколку месеци ќе почнете да ја користите градинката на 21 век, и многу дечиња ќе се стекнат со нови знаења во ова установа“, изјави амбасадорката Зутер во обраќање пред учесниците во форумот.
Со спроведувањето на проектниот форум, и активното учество на граѓаните, Виница само уште еднаш ја потврди својата транспарентност и отчетност , изјави градоначалникот Дончев.
„Општина Виница со право го носи епитетот на најтранспарентна општина, преку овој форум разговаравме за повеќе проекти, но сите заеднички избравме еден проект, реконструкција на градинката, а другите кои беа разгледувани се влезени во Програмата на општината и тие ќе влезат во општинскит Буџет за понатамошна реализација. Сакам да ве информирам дека вчера избравме надзор, потпишан е договор со изведувачот, и се надевам дека зацртаниот проект многу брзо ќе го завршиме“, изјави градоначалникот Емил Дончев.
Проектот “Градинка од 21 век“ се реализира со подршка од Швајцарската Агенција за развој и соработка, во рамките на Програмата “Форуми во заедницата“.
Амбасадорката Техада ја оствари и првата официјална средба со градоначалникот Дончев, а за првпат го посети и разгледа и Музејот “Теракота“.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.