АВАНТУРА ОД БИТОЛА ПРЕКУ СКОПЈЕ ЗА КАВАДАРЦИ

08 Апр 2017
799 пати

На настанот за прогласување на автомобил на годината одржан вчера, 07.04. 2017, по

изборот организиран од страна на магазинот Авто Плус, се уверивме дека нашиот избор на КИА Спортаж за премија на инстант лозот Авантура е вистинскиот избор на автомобил за нашите играчи.
На вчерашниот настан во хотел Парк во Скопје, нашите соработници од КИА Моторс Македонија, го поканија и најновиот добитник на атрактивниот КИА Спортаж од инстант лозот Авантура, кој својот добитен лоз го изгреба на среќното место Вагабонд на Широк сокак во Битола, токму на 1рви април.
Во прекрасна атмосфера и присуство на над двестотини гости, Марјана Станојковска, го додели урбаниот убавец на Борис Грков од Кавадарци. Првите честитки пристигнаа од Генералниот директор на Државна лотарија на Македонија кој на добитникот му посака безбедно и среќно уживање во добивката. Кон честитките се придружија и одговорни лица од тимот на КИА Моторс, со конкретни совети и истакнување на многуте предности на КИА Спортаж.
На вчерашниот настан, каде беа паркирани прекрасни репрезенти од моделот КИА Спортаж, што по настанот се враќаат во салонот на КИА Моторс, Спортажот на Гоце, беше единствениот што замина за Кавадарци.
Нашиот најнов член на семејството добитници - Гоце Грков е студент од Кавадарци, студира во Битола, каде и го купил лозот Авантура од среќното место Вагабонд на Широк сокак. Неговата авантура започна токму на 1рви април, како од шега. Симболиката на денот во случајот на Гоце му отежнуваше да најде начин за да ја пренесе информацијата а другите да поверуваат во неа. Таква беше и најавата за време на 1рвоаприлската емисија НовоЛото која водителката Марјана соопшти: Не е првоаприлска шега, туку што ми јавија дека во Битола, на продажното мсето Вагабонд е изгребан КИА Спортаж.
Минатата година пред подготовката на инстант лозот Авантура, за да одлучиме кој ќе биде првиот СУВ кој ќе се најде на инстант лоз, спроведовме анкета на среќните места ширум Македонија, со цел играчите да го направат својот избор, а тие избраа КИА Спортаж, по што ја востановивме и соработката со КИА Моторс Македонија и по што начиот и инснат лоз Авантура се закити со дури десет возила, од кои еден веќе се вози во Приле, еден во Кичево и еден во Скопје. Големиот интерес за инснат лозот Авантира, се должи најмногу на можноста да се стане сопственик на прекрасен КИА Спортаж за само 60 денари
Авантурата на Гоце Гроков со лозот Авантура изгребан на Широк сокат, започна во Битола, продолжи за Скопје, замина за Кавадарци. Околу Велигденските празници ги очекуваме на продажното место Вагабонд да се дружиме со Марјана и тимот на Државна лотарија на Македонија, да ја прославиме добивката и да се запознаеме поблиску со среќната приказна на Гоце.

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ЗА ДОБРО !

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.