Потпишан договорот за изградба на кејската улица „Гоце Делчев“ во Оризари

05 Апр 2017
705 пати

Потпишан е договорот со „Жикол“, фирма којашто е избрана за изведувач на градежните работи од проектот

Локален пат - ул. „Гоце Делчев“ за поврзување на с.Оризари со регионалниот пат и град Кочани- прв дел.
„Општината планира да изврши доизградба на улицата „Гоце Делчев“ во селото Оризари во должина од 743 м, со ширина на коловозот од 7 м и тротоари од двете страни на коловозот со ширина од 1,5 м. Заради теренските услови ќе се градат потпорни ѕидови, ќе се врши пробивање на дел од улицата, подобрување на тлото на новопробиениот дел, тампонирање, поставување на рабници, изградба на елементи за одвод на атмосферска вода, асфалтирање и изградба на тротоари“, рече градоначалникот Ратко Димитровски.
Со изведбата на сообраќајницата ќе се добие една целина со што ќе се овозможи подобра сообраќајна врска и подобар пристап за влез во Оризари и поголема безбедност на сообраќајот.
Грантот што Општината го доби со помош на ЕУ ИПА инвестицискиот фонд во износ од 260 илјади евра ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот и работните услови во селото Оризари, како и за поквалитетен и побезбеден проток на возила и подобрување на пристапот до регионалниот пат и поврзување со градот Кочани.
За овој потпроект од Проектот за подобрување на општинските услуги, се издвоени околу 56 илјади евра од општинскиот буџет.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.