10 000 000 денари заминаа за Тетово

31 Мар 2017
407 пати

22 –то коло на НовоЛото 7/34 , чие извлекување се одржа на 18.03.2017 година на ТВ Сител, го донесе и петнаесетиот добитник на

главната премија од постоењето на НовоЛото 7/34.  Добитникот , ги посети просториите на Државна лотарија , и ни ја раскажа својата среќна приказна. Пензионерот од Тетово е веќе 30 години верен играч на игрите на среќа , а во НовоЛото 7/34, секое коло ги игра истите броеви .
22-рото коло во 2017 година е негово среќно, па му донесе без малку 10 000 000 денари.

Седумката вредна 9.999.040 денари е уплатена во Тетово во продажното место МА-ДЕ-БЕ ДООЕЛ . Среќниот добитник уплатил 8 комбинации на НовоЛото 7/34 или 160 денари. Уплатата е извршена во истиот ден на извлекувањето , а добитна е седмата комбинација од уплатените.

Инаку, оваа седумка е прва во оваа 2017 година , а Фондот за седумка е повторно 6.000.000 денари, сумата која ја гарантира Државна лотарија на Македонија . Не заборавајте да ја играте и дополнителната игра Џокер каде премијата е над 600.000 денари .

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ЗА ДОБРО !

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.