Во врска со изградбата на пречистителната станица - Потпишан и последниот договор

17 Јан 2017
336 пати

Општина Кочани го потпиша и последниот договор околу изградбата на пречистителната станица

за отпадни води. Станува збор за проект кој што се реализира помеѓу Владата на Р. Македонија и Владата на Швајцарската конфедерација со заедничко финансирање кој што веќе тече неполна година.
Проектот се состои од повеќе сегменти од кои што главен е токму потпишувањето на денешниот договор - Изградбата на пречистителната станица за отпадни води.
-Првиот дел од проектот се состоеше во изработка на проекти и изградба на колекторот за што тендерската постапка заврши и работите на терен почнаа да се извршуваат пред Нова година. Со потпишувањето на овој договор, продолжуваат работите околу изработката на техничката документација која што се очекува да заврши до јуни оваа година, а при крајот на 2017 да отпочнат и работите на терен, рече Ратко Димитровски, градоначалник на општина Кочани.
Целокупниот проект е во вредност од 23 милиони швајцарски франци од кои 21 милион обезбедува Швајцарската конфедерација, а остатокот Владата на Р. Македонија и околу 300 илјади евра обезбедува Општина Кочани и КЈП „Водовод“.
Целокупните работи се очекува да завршат до крајот на 2018 година. На пречистителната станица ќе работи германска фирма која што на тендерот беше избрана како најповолна од страна на Швајцарскиот консултант „СЕКОK“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.